Uncategorized

Онлајн концерт на ДНК

By March 17, 2020 No Comments

„Вчера со ДНК дефинитивно го имавме најчудниот, но и „најпосетен” концерт во нашата кариера 🙂 Во домашни услови, без публика пред нас, но со вашата интерактивна поддршка, таа ОГРОМНА ЉУБОВ и ЕНЕРГИЈА која ни ја дадовте во тие два часа се почувствувавме како да пееме на Coachella :), а и бројките на стримингот беа слични (преку 113.000 прегледи на видеото и повеќе од 170.000 рич на постот. Се надеваме дека барем малку ви ја разубавивме вечерта и барем за кратко ви ги стопливме срцата и ве оттргнавме од негативните мисли од епидемијата наречена корона која го опфати целиот свет, а, за жал, не ја рипна и нашата Македонија. Целта и пораката на нашиот „концерт” беше и повеќе од јасна #СЕДИ_ДОМА #БИДИ_КУЛ, а со самото тоа помагате на сите околу вас и само така заеднички и сложно можеме да го победиме вирусот и да се вратиме на нашето секојдневие. Мора да се заблагодариме на членовите на целиот бенд,  Стојан Стојановски за перфектниот стриминг, Оли за звукот, луѓето од @eam_tshirts за направените маици и сите наши (дури двајца) колеги, Теа Трајковска и Огнен Здравковски, фанови и пријатели кои безрезервно не поддржаа во реализација на нашата идеја. Бидете ми живи и здрави, чувајте се, изолирајте се и се гледаме за брзо време во некоја сала или клуб како што е редот, рекоа Панчо и Андреј, по синоќешниот онлајн концерт чија цел беше да се разбие монотонијата и да се направи поинтересно седењето дома.

Видео/аудио концертот на двоецот ДНК, иако во домашен амбиент, беше не само од забавен, туку и од едукативен карактер, а со единствена цел подигање на свеста на сите наши сограѓани да се остане дома, бидејќи токму тоа е најважно во овие тешки моменти.

Останете дома, изолирајте се и  следете ги препораките од Министерството за здравство!

Линк од концертот за оние кои го пропуштија: