Uncategorized

Оваа сабота (16.12.2017) специјално за вас во Струмица ќе ве забавува ОРКЕСТАРОТ ДНК БЕНД

By December 15, 2017 No Comments

Дојдете во сабота во Струмица, во клубот ДНК ќе настапува… тука губи оној што не доаѓа, Андреј пред вас гол ќе ви се соблака… Сабота во Платинум во Струмица дојдете да пеете со ДНК… Веројатно, ова е сосема доволна (и тоа музичка) најава за она што ќе се случува во сабота, на 16 декември во клубот Платинум во Струмица.

(доколку се уште не сте ја виделе и чуле видеонајавата тоа можете да го сторите на Facebook/dnkmk/)

Секогаш оригинални и уникатни во се што го прават Панчо и Андреј порачуваат: „Оваа сабота (16.12.2017) специјално за вас во Струмица ќе ве забавува ОРКЕСТАРОТ ДНК БЕНД заедно со СЕКС бомбите Панчо ТИГРИЦА и Андреј КЕШ во Платинум“.

На сцената и во сабота друштво ќе им прави стандардниот бенд што веќе подолго време ги придружува на настапите, а на репертоарот ќе има од се по нешто. Единствената обврска на оние што ќе дојдат е со себе да понесат добро расположение, позитивна енергија и, се разбира, бакшиш за ПАНЧО ТИГРИЦА и АНДРЕЈ КЕШ.

Се гледаме во сабота во Струмица.