Дуото ДНК е оформено во 2001 година

а е составено од

Андреја Ѓорѓиески – Андреј

(09.02.1982 – Скопје)


Владимир Блажев – Панчо

(29.07.1979 – Скопје)


Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ ( за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Поддршката која ДНК секојдневно ја добиват од својата публика им донесе енергија и љубов да го изработат и нивниот втор албум кој излезе во јуни 2010, насловен ” Кажано е се”. Албумот кој содржи 18 песни го издаде нивната матична куќа “Продукција Република”, а продуцент на целиот албум е Врчак. “Кажано е се” доби и свое ексклузивно пакување што беше промовирано и пуштено во продажба во август 2010 година. На 24ти Септември 2011 год. ДНК конечно го одржаа свој прв голем солистички концерт во “Метрополис Арена ” ( Скопски Саем ) во Скопје , Комплетно подржани од бенд во живо пред повеке од 7.000 илјади нивни фанови . Со тоа се запишаа во историјата на Македонската музика како едни од ретките домашни артисти кој успеале да направат успешен солистички концерт . По Огромниот успех , Панчо И Андреј работат на нови синглови и видео записи со кој континуирано позитивно ја изненадуваат нивната публика , а истовремено работат и на целокупниот материјал за нивниот нов албум каде што ке има соработки со реномирани и докажани светски и балкански Хип Хоп и РНБ Имиња . Албумот е испланиран да излезе во јавност во првата половина на 2013 год.