Uncategorized

“ДНК” го промовираа својот трет албум

By May 11, 2016No Comments

Во ресторанот “Воденица”, во центарот на главниот град, познатото македонско РНБ дуо “ДНК” (Панчо и Андреј) пред своите верни фанови, пријатели, соработници и пред новинарите, го промовираа својот трет албум насловен “Уште еден ден”. Албумот кој што изгледа одлично спакувано вбројува 12 композиции, а сите дело на продуцентот и композитор Лазар Цветковски, додека пак текстовите се дело на Панчо.

На промоцијата освен блиските пријатели и соработници, присуствуваа и Гаро Јуниор, Сара мејс, Дарио, Дарко Илиевски, познатата тв водителка Јелена Спенџарска, Влатко Лозановски кој беше во придружба на својата поубава половина, ракометарот Столе Стоилков, македонската позната маникенка Катерина Ивановска… и многу други.

Освен промоцијата на албумот, “ДНК” ги изненади, а воедно и почести присутните со премиерното прикажување на видео спотот за баладата “Стојам сам”.