Uncategorized

ДНК импресионираа во Хавана

By May 7, 2016No Comments

РнБ дуото ДНК изминатиот викенд докажа дека на публиката во Скопје и недостигаат живи клупски свирки, за максимално опуштање и забава до раните утрински часови. Клубот Хавана во саботата беше премал да ги собере обожавателите на ДНК и почитувачите на нивната музика дојдени да ги слушнат песните од албумот Срце во живо. Сите 16 песни од албумот Панчо и Андреј ги изведоа во еден здив со својата публика која синхронизирано, во ритамот на музиката се забавуваше пеејќи и играјќи, не оставајќи ги ДНК и нивниот бенд да заминат од сцената.

 

– Чувството да се биде на бина и да ве гледаме вас со каква енергија ги пеете нашите нумери е неописливо. Ви благодариме што сте секогаш тука, ви благодариме за максималната поддршка. Сите песни од нашето Срце се за вас- им се обратија ДНК на публиката.

 

После свирката во Хавана, ДНК продолжуваат со настапи во клубовите низ Македонија. Веќе за сабота (15ти февруари) е закажан нивен настап во Шкорпиус – Тетово, каде на тамошната публика исто така ќе и бидат промовирани песните од албумот Срце.