Uncategorized

ДНК, НБА ѕвездата Перо Антиќ и Зорица, докторката за тверкање, во приказната за „Ромео и Јулија“ – гола романтика!

By May 7, 2019No Comments

„Ромео и Јулија“ е насловот на новата песна на ДНК! И ако се уште не сте ја слушнале песната и не сте го виделе спотот, сторете го тоа веднаш на (https://www.youtube.com/watch?v=NpUykHhZmsQ), колку да не сте во заблуда дека станува збор за романтична балада.

Музиката, текстот и продукцијата е на веќе докажаниот двоец Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот го потпишува  5R. Зад мастерингот стои Streaky од Лондон.

Видеото, пак, од кое дефинитивно скока притисок е работено со Cherry Cannon Studio. Извршни продуценти се Панчо и Илија Димкоски, кој стои и зад режијата, сценариото и воедно е и директор на фотографија. Зад камерата, пак, овој пат застанаа Моника Павловска и Андреј Бранковиќ, а како уредник се потпишува малосамо. За шминката стандардно беше задолжена долгогодишната соработничка на ДНК Елеонора Марк. Стилист е Богдан Ѓаковиќ МИНУС 1, додека асистент на продукција е Марко Ивановски.

Во кадрите кои се снимени во клубот „Епицентар“, пак, освен момците од ДНК, односно Панчо и Андреј, се појавуваат и танчарките од студиото Twerk Low Z (https://instagram.com/low_z_ и https://instagram.com/twerk_studio_low); Латин Принц, Мажестик (Александра Трпеска), моделките Александра Накова и Емилија Розман и единствениот македонски кошаркар кој заиграл за НБА Перо Антиќ.

Веројатно, сето ова е сосема доволно инспиративно за да се слушне песната и погледне видеото, кое само по себе е прилично уникатно и нешто досега невидено на домашен терен.

„Се трудиме секогаш да сме поразлични во она што го правиме, и кога станува збор за музиката, но и кога се во прашање спотовите. Имаме одлична екипа со која, пред сè, одлично се забавуваме на снимањето, но и екипа која даде сè од себе да имаме совршен финален производ. Има благодариме на сите кои се дел од оваа приказна. Веруваме во „Ромео и Јулија“, вели Панчо.