Uncategorized

„Кобра“ хит во најава – заедничко дело на ДНК и МИНА

By September 3, 2021September 7th, 2021No Comments

ДНК имаат нова песна, овој пат соработка со младата и талентирана Мина Блажев. Песната е со наслов „Кобра“ и веќе стандардно, кога станува збор за авторскиот тим, е заедничко дело на Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена.

Видеото, пак, е работено во Приштина под режисерската палка на Валон Азири од Cinegr8 продукција.

Овој пат имаме една убава соработка, нешто сосема поразлично, односно имаме младешка песна со убав ритам која веруваме дека ќе биде вистинско освежување, велат Панчо и Андреј од ДНК.

Во продолжение потребниот материјал.

https://youtu.be/WOgYgmkXkpQ