Uncategorized

Нова песна со наслов “Пола човек”

By February 28, 2018No Comments

Со гордост ви најавуваме дека момците од ДНК имаат нова песна со наслов “Пола човек”. Авторскиот тим кој стои зад темата е веќе стандарден за нив, па така текстот е на Панчо, аранжманот на Лазар Цветковски, а музиката нивно заедничко дело. Песната, и повторно очекувано за Панчо и Андреј, излегува во истовреме со спот работен под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц. Кадрите за видеото се веќе снимени и тоа на неколку интересни локации меѓу кои една напуштена фабрика, на отворено и во хотекот Loginn. Во прашање е една несекојдневна приказна, односно крими триаголник и љубовна измама – динамично видео во стилот на Панчо и Андреј.

Главната улога ја има Олгица Стрика од Куманово, девојката која всушност се појавува и во спотот за “Само таа знае како”, чие повторно појавување е и рарирет за момците кои немаат баш обичај да се повторуваат. Овој пат имаат силна причина, впрочем, ќе го видите видеото и се ќе ви стане јасно.

Премиерата на “Пола човек” се очекува во првата недела од месец март, а освен Панчо, Андреј и Олгица во видеото се појавуваа уште тројца интересни статисти.

Веруваме дека повторно спакувавме оригинална и поразлична видеоприказна. Како и секогаш се обидовме да бидеме оригинални и интересни”, велат момците од ДНК, кои по кусата пауза од домашната музичка сцена се враќаат со полна пареа и со неколку нови интересни проекти за кои допрва ќе се зборува.