Uncategorized

Покана за прес-конференција по повод ЈУБИЛЕЈНИОТ концерт на РнБ дуото ДНК

By June 7, 2022June 10th, 2022No Comments

Почитувани,

Ве покануваме на прес-конференцијата на дуото ДНК (Панчо и Андреј) по повод претстојниот концерт со кој ќе биде одбележан 20-годишниот јубилеј.

На прес-конференцијата ќе бидат соопштени сите детали поврзани со настанот, кој ќе значи заокружување на едно поглавје на бендот, но и битисувањето на естрадната сцена на Панчо и Андреј.

Средбата е закажана во Brick eat (Four park) со почеток во 12 часот.

Освен што ќе бидат соопштени деталите за концертот, ќе биде промовирана и новата песна на дуото со наслов „Ако утре ме нема“, инаку соработка со Џамбо Агушев и неговиот оркестар.

И оваа тема е дело на веќе стандардната екипа – Панчо и Лазар Цветкоски, овој пат засилена од неверојатниот Џамбо Агушев, кој замеша прсти во аранжманот. Видеото, пак, чија премиера, исто така, ќе се случи на прес-конференцијата, е работено со Кристијан Теодоров, режија и камера, и Владимир Митревски -Ѓуле, монтажа и боја.

Ве очекуваме да дојдете да се дружиме, да замезиме, да се освежиме… сепак имаме убав повод и голем јубилеј.

Се гледаме.

Со почит,
ПР тимот на ДНК