Uncategorized

DNK на влезот на ГТЦ! Настан со хуманитарен карактер.

By September 14, 2017 No Comments

Секогаш уникатни, секогаш поразлични, секогаш со нови идеи … Панчо и Андреј и овојпат најавуваат една поинаква дружба со сите драги пријатели, фанови и добри луѓе. Имено, во сабота во периодот од 13 до 15 часот е најавена една поинаква музичка дружба со Панчо и Андреј и, секако, нивниот бенд, а која ќе се случи на влезот во ГТЦ и која е со хуманитарен карактер.

Драги пријатели, фанови и добри луѓе ве каниме на една поинаква дневна свирка на влезот во ГТЦ! Во сабота (16 септември) почнувајќи од 13, па се до 15 часот ќе бидеме на влезот на ГТЦ (од страната на плоштадот) место каде што често можете да слушнете музика од разни артисти. Ние со нашиот бенд решивме да бидеме дел од тој урбан тренд и сакаме да направиме една хуманитарна свирка. Дојдете да ги пееме заедно сите наши песни и воедно ќе можете да донирате во кутиите за Благородна Димитриевска од Куманово, која остана без кров над главата, жртва на семејно насилство и мајка на три деца. Да се забавуваме и да помагаме, ваше е само да се прошетате до ГТЦ – “срцето на СКОПЈЕ”, а ние ќе се потрудиме да ви ја направиме оваа сабота позабавна и поразлична од другите денови. Свирката ќе трае два часа, а буквално сите средства ќе бидат донирани за Благородна и нејзините три дечиња. Да помагаме другари, да бидеме луѓе. Во сабота се гледаме во ГТЦ”, велат Панчо и Андреј, на кои друштво ќе им прави целиот бенд.