Можеби за некого јули е месец за одмор, но не и за Панчо и Андреј, дечките од рнб двоецот ДНК за кои не важат пишани и непишани правила и стереотипи!
Имено, за нив месецов (јули) значи полна агенда и полни раце работа – првиот од низата закажани настапи им е во Охрид, каде гостуваат на 18 јули и по повод вториот роденден на локалот “Mr. I”.
На 24 повторно се во Охрид, но овој пат во Кадмо бич & клуб, каде овојпат ќе слават мал јубилеј. Всушност настапите во овој охридски клуб им се традиционални и годинава таму ќе го имаат јубилејниот, 5 по ред концерт.
Веќе на 27 се во Ресен, каде имаат закажано дружба со тамошната публика, и тоа на градскиот плоштад. И приказната не завршува тука…
“Драги наши убави луѓе ова е нашата концертна агенда за месец јули и местата каде што може да се дружиме, да не слушнете, видите со нашиот бенд и каде што дефинитивно ќе владее само позитивна атмосфера и енергија”, велат Панчо и Андреј.