Uncategorized

“ДНК” ќе ги претстават своите хитови пред фановите во Швајцарија

By May 9, 2016No Comments

Mузичкото ар-ен-би дуо „ДНК“, пред промоцијата на својот нов најавен албум „Уште еден ден“, работи со полна пареа. Сакајќи да ги изненадат и да се дружат со верните обожаватели, оваа сабота, на 7 мај, во клубот „Палма“ во Берн, Андреј и Панчо ќе ги претстават своите хитови пред фановите во Швајцарија.

– Без подршката на нашите фанови нашиот успех нема да биде евидентен, а и без нив ние нема да сме она кое сме. Затоа сакаме да допреме и до нашата база на обожаватели вон границите на Македонија. Би сакале да ги поканиме сите обожаватели на нашата музика овој викенд во Берн, а она кое што можеме да ви го ветиме е несекојдневен настап, дружење и многу добра забава – изјавија момците од „ДНК“.

Андреј и Панчо на 9 мај во Скопје ја најавуваат промоцијата на новиот албум „Уште еден ден“. На промоцијата ќе биде претставен и видео записот за новиот сингл на ДНК, насловен како „Стојам сам“.