Uncategorized

Сеуште не е кажано се

By May 31, 2017No Comments

И по два дена од славеничкиот, петочен концерт што го одржавме во Метрополис Арена се уште не е кажано се, барем не од наша страна.

Иако на сцената ви се заблагодаривме на сите кои бевте со нас таа, за нас но и според многумина, историска вечер, но и во изминативе 15 години, уште еднаш би сакале да ја искажеме нашата огромна благодарност за сето досега сторено и за сета поддршка која безрезервно ја добиваме од сите вас.

“Нема зборови со кои можам да ви ја доловам мојата душевна состојба и чуството кое ќе го паметам дур сум жив. Многу измешани емоции и чувства. Плачев пред концерт, за време на концерт, после концерт. Плачам и сега. Плачам од радост, среќа,тага и убавина. Завчера го славевме животот, завчера ја славевме музиката. МАКЕДОНСКАТА музика, заедно со сите вас кои ни направивте огромна чест и непроценливо задоволство што бевте дел од нашето шоу по повод 15 години постоење на ДНК. Завчера имаше хемија измешана со многу љубов, искреност и позитивна енергија. Завчера победи МУЗИКАТА и ЉУБОВТА”, вели Панчо.

Со ветување за уште поубави и поголеми дружби уште еднаш ви благодариме за се досега кажано, а не е кажано се. Имаме уште многу!