На овој убав ден ви го подаруваме нашето ново видео за песната “Некој друг” од последниот албум “Уште еден ден” . Голема благодарност до сите што учествуваа во реализацијата на спотот. Со љубов до сите вас“, велат Панчо и Андреј.
“Некој друг” е една од омилените песни на Панчо и Андреј, а видеото за неа е нивно прво во кое главните улоги им припаѓаат на професионални актери – Драгана Левенска и Александар Михајловски. Приказната е трогателна, а истата спакувана изгледа како мини филм. Кадрите се снимени под режисерската палка на Бане Поповиќ и неговата Томато продукција и во него освен Драгана и Александар го има и комплетниот бенд на Панчо и Андреј во состав: Влатко Георгиев – клавијатури, Никола Бочваров – бас, Танче Гроздановски – гитара, Сашо Николовски – тапани. Горан Папаз – сакс и Сара Николовска и Ана Костадиновска – придружни вокали.