Uncategorized

Уште еден концерт

By June 14, 2017September 28th, 2017No Comments

По одличниот скопски концерт и преполната Метрополис Арена во Скопје рнб двоецот ДНК или Панчо и Андреј следната целовечерна, концертна дружба со публиката ја закажа во Штип.

Љубителите на музиката на ДНК ќе имаат можност да уживаат во нивните хитови, изведени со придружба од нивниот бенд, а први во рамки на најавената летна турнеја можност ќе имаат штипјани и проектот N8 Factory, што токму со Панчо и Андреј ја стартува серијата концерти на отворено.

– „Срце“, „Што сака нека биде“, „Север и југ“,„Она е од Шутка“, „Авион“, „Само таа знае како“, „Најмила“, „Стојам сам“, “Полна месечина”, “Навлечен на тебе”, “Пази се од мене”… штипјани ве очекуваме на 17 јуни заедно да ги отпееме нашите рефрени, велат момците од ДНК.

Концертот почнува во 21 часот, а картите во претпродажба може да се набават во кафе-бар Џет и чинат 100 денари. На врата влезниците ќе се продаваат по цена од 150 денари.

Значи, да повториме:

град: Штип

датум: 17 јуни

старт: 21:00 часот

локација: N8 Factory – Во кругот на станицата за технички преглед ПСС – Штип