Uncategorized

ДНК со хуманитарен концертен настап во Велес

By May 7, 2016No Comments

Оваа Сабота (22.11.2014), клубот „Авангард” во Велес, ќе биде домаќин на ДНК, кои со концертен настап се приклучуваат на хуманитарната акција замалата Тамара, за која се потребни средства за операција во странство. Под хаштагот #ДОНИРАЈЗАТАМАРА, Панчо и Андреј ДНК, заедно со својот бенд, ќе ги испеат своите најголеми хитови, меѓу кои и последниот сингл од дуото, „Север и Југ”.

 

„Знаеме дека Велес ги сака ДНК, а воедно и ние уживаме да настапуваме таму. Овојпат, настапот ќе биде хуманитарен – ќе се собираат средства за лекување на Тамара, на која и се навистина потребни за да замине на операција. Затоа, да покажеме дека сме хуман народ, а ДНК е тука да придонесе со својата музика”, изјави Панчо, притоа упатувајќи отворена покана до сите фанови да го исполнат клубот „Авангард” и да се забавуваат со бендот до утринските часови.

 

Концертниот настап на ДНК ќе започне на полноќ.