Друштво, имаме големо изненадување за сите вас Ви најавуваме ЧЕЛИНЏ поврзан со нашата нова песна „Македонија на Европско”. Најдобрите двајца кои ќе испратат најкреативно видео ќе станат добитници на овие два дреса од македонската репрезентација потпишани од сите репрезентативци Сè што треба да направите е да бидете креативни, да испеете краток дел од песната, да ме тагнете мене на мојот инстаграм–профил, да го користите хаштагот #МакедонијаНаЕвропско и да чекате во среда на 9 да ве избере стручното жири составено од капитенот Пандев, Стефан Ристовски и Несторовски. Ви посакуваме среќа , вели Панчо, едната половина од двоецот ДНК.