Uncategorized

ДНК со две признанија од Бекстејџ

By May 7, 2016No Comments

На вчерашната прослава на 5-от роденден на Бекстејџ, Р&Б дуото ДНК доби две признанија кои есрадниот магазин ги доделуваше за најуспешните во 2013-та година. Наградата за Најуспешен албум и Наградата за најуспешен хит на годината – „Срце“, заслужено отидоа во рацете на Панчо и Андреј кои оваа година рушеа рекорди на слушаност на албумот „Срце“ и хитовите од истиот.

 

– Многу ни е драго што првото признание кое воопшто го добиваме е токму од супербрендот и воедно најгледан естраден магазин Бекстејџ. Им посакуваме уште многу успешни години работа- изјавија Панчо и Андреј.

 

Овие две признанија се само поттик за ДНК и за нивниот продуцент Лазар Цветкоски да продолжат да создаваат хитови кои ќе останат.

 

Минатата недела ДНК го промовираа нивниот најнов видео запис за „Што сака нека биде“, а наскоро ќе се снима спот и за „Опуштено“, уште една нумера од албумот „Срце“.

 

Во продолжение погледнете го видео записот на ДНК за „Што сака нека биде“.