Денес во етерот е пуштено новото видео на рнб двоецот ДНК за темата насловена “Темно е”. Станува збор за композиција од албумот “Уште еден ден”, а посебно за видеото е што содржи кадри, односно е измонтирано од делови и моменти од славеничкиот концерт на ДНК по повод 15-годишниот јубилеј одржан на 12 мај во Метрополис Арената.
“Се надеваме дека ќе уживате во песната, а сите оние кои беа на концертот ќе се потсетат на атмосферата и можеби ќе се пронајдат на самото видео (слободно тагнете се). Сите оние кои не беа еве им можност во кратки црти да видат како беше на истиот, а целосниот концерт очекувајте го кон крајот на септември на една од Македонските телевизии, па потоа и на нашиот официјален јутуб канал”, велат Панчо и Андреј.